Опожарени 40 куќи во три села во Светиниколско

Околу 40 куќи во селата Малино, Немањици и Орел вчера доцна попладнето беа пеплосани од огнените јазици.

Станува збор за постари објекти но и новоградби, откако огнот влезе во 12 села.

Претпладнево нема опасност огнот да влезе во населени места, но горат површини со земјоделски култури, информира градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев.

Посочува дека во текот на ноќта брзо е интервенирано од страна на сите сили и огнот од селото Ерџелија е држен на растојание од околу еден и пол километар.

Во Светиниколскиот регион денеска на пожарите се интервенира и од земја и од воздух.

Треба да знаете
Последни објави