Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување

Нада Хафез, претставничката во мечување на Египет, постигна извонреден подвиг на Олимпијадата во Париз.

Во нејзиниот трет настап на најголемиот спортски настан во светот, таа ја победи 10. на светската листа, Елизабет Тартаковски од САД со 15:13, потоа загуби со 15:7 од Џеон Хјонг од Јужна Кореја во осминафиналето.

Сепак, поважно од тоа е фактот што Нада во седмиот месец од бременоста се натпреваруваше против најдобрите во светот во овој спорт.

„Она што изгледа како двајца спортисти на подиумот, всушност беа тројца! Бев јас, мојот противник и моето неродено бебе“, напиша Хафез на Инстаграм.

Хафез, која има 26 години, претходно учествуваше на Игрите во 2016 и 2021 година, таа вели дека го открила ова за да ја покаже силата и истрајноста на сите Египќанки.

Треба да знаете
Последни објави