ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?

Осврнувајќи се на последните несогласувања околу употребата на знамињата и барањето за формирање на Албанска академија на науките, претседателот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, во Дејли Клик на ТВ21 изјави дека никој не може да ги спречи ЗНАМ, нека ја напуштат слободно Владата.

,,За нас ЗНАМ не е важна партија. Тоа е периферна и мала партија и не е важно што ќе кажат. Тие можат да зборуваат за секое прашање, но тоа не ни дава никаква обврска, било да е тоа за користење на знамето или други теми. Тие рекоа дека ако продолжиме да го користиме знамето, ќе ја напуштат Владата. Со среќа, никој не може да ги спречи. Немаме договор со нив” вели Ибрахими.

Во првиот месец од владеењето речиси секојдневни се спротивставените ставови помеѓу ВРЕДИ и ЗНАМ а од досегашните препирки се добива впечаток дека главната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ како да не сака да се меша во односите меѓу помалите коалициски партнери.

Треба да знаете
Последни објави