Пожар денеска го зафати регионот на Свети Николе. Според видеата и фотографиите доставени до нашата редакција гори нискостеблеста шума кај селото Орел, а биле опожарени и две напуштени куќи. Во овие моменти, пожарот се шири кон браната во близина на Свети Николе.