Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус – починал на лице место

МВР извести дека вчера во 15.55 часот во полициската станица во Гевгелија било пријавено дека на улицата „Нов булевар Гевгелија“, И.К.(76) од Струмица, управувајќи возило „опел“ изгубил контрола и со возилото удрил во паркиран автобус “волво”.

И.К. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави