СДСМ: Уште еден запален автобус на ЈСП, ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Денеска повторно се запалил авотобус. Пред само една недела гореше двокатен автобус на ЈСП. 

ЈСП буквално се распаѓа. Запалени автобуси, несреќи, неисправни автобуси, гужви среде лето поради недоволен број. 

Граѓаните на Скопје буквално мака мачат со градскиот превоз и со бројните проблеми кои ја загрозуваат дури и нивната безбедност.

ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемие виновници за катастрофата која што му се случува на ЈСП и на целиот град.

Каде се 250 нови автобуси кои Мицкоски ги ветуваше? Ги нема заради тоа што пропаднаа бизнис зделките со Арсовска?

Само за свој политички интерес ВМРО-ДПМНЕ ги става скопјани во ризик и бездушно ги остава да се мачат секој ден. 

Тоа што автобусите гледаме дека се расипуваат и палат се исто така одговорност на ВМРО-ДПМНЕ и нивните пулени Игор Јанушев и Коце Трајановски кои ги набавуваа. 

Сега истиот Јанушев, кој беше осуден за криминалната набавка со автобусите, зад кого има скандали со поклонет имот, Мицкоски го стави втор човек во Владата. 

Граѓаните за Мицкоски се на последно место, очигледно го интересираат само зделиките.

Неспособност, скандали и катастрофално владеење е одлика на оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ која е полоша и од претходната на Груевски.

Треба да знаете
Последни објави