Повторно се запало автобус на ЈСП: Возачот на автобусот во Бутел забележал дефект, па ги симнал патниците

Денеска околу 12 часот во СВР Скопје З.М., вработен во ЈСП, пријавил дека додека управувал автобус од Транспортен центар кон с. Бањани, на ул. Христијан Тодоровски Карпош во Скопје забележал дека автобусот има дефект.

Возачот застанал и ги симнал патниците, по што настанал пожар во автобусот, информира МВР.

Досега, според надлежните, нема пријава за повредени лица.

Претходно денеска беше објавено дека се запалил автобус во скопската населба Бутел 2, а на помош притрчале луѓе кои се обиделе да го изгаснат пожарот.

Треба да знаете
Последни објави