Николоски и Пандов разговарале за изградба на нов затвор во Идризово

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска се сретнал со Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции.  

На средбата се разговарало за отпочнување на постапката за изградба на нови простории во КПД Идризово.

„Проектот предвидува изградба на нов објект затворско одделение за мажи, ново притворско одделение и нови објекти за кујна и перална. Изградбата на новите објекти е во висина од 25 милиони евра средства обезбедени со поддршка на Банката за развој при Советот на Европа.

Оваа одлука доаѓа по бројните препораки за модернизација на затворските одделенија и подобрување на условите на осудениците. Владата и во иднина ќе ги преземе сите активности за подобрување на затворските услови и за борбата против корупцијата и насилството во затворите. Во рамки на своите надлежности, Министертвото за транспорт ќе ги обезбеди сите административни и градежни дозволи за реализција на овој капитален проект“ се наведува во соопштение на Министерството за транспорт и врски.

Треба да знаете
Последни објави