Украински дронови нападнале магацин за нафта во Курската област по што избувнал пожар

– Како резултат на напад на украински дронови избувна пожар во складиште за нафта во областа Курск, соопшти вршителот на должноста гувернер на областа Курск, Алексеј Смирнов.

– Никој од жителите или работниците на индустрискиот објект не е повреден, информира Смирнов на Телеграм. Во гаснењето на пожарот учествувале 82 пожарникари и 32 единици со специјална опрема.

Пожарот во една од цистерните е изгаснат, додаде Смирнов.

Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека системите за противвоздушна одбрана во текот на ноќта собориле седум украински дронови – два над Курск и пет над регионот Белгород.

Регионите Курск и Белгород се наоѓаат во западна Русија, на границата со Украина.

Треба да знаете
Последни објави