Сончево и ветровито, температури до 35 степени

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (наместа над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=8

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Ќе преовладува сончево време со постепен пораст на температурата. Во почетокот на следната седмица повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Треба да знаете
Последни објави