Пет работници загинаа, двајца се повредени во пожар во фабрика за текила во Мексико

Најмалку пет работници загинаа, а двајца се повредени во пожар што избувна по експлозија во фабрика за текила во градот во мексиканската држава Халиско, соопштија денеска локалните власти.

Државната агенција за цивилна заштита на платформата Х соопшти дека во синоќешната експлозија загинале пет лица, а две лица се повредени, од кои едното е во тешка состојба.

Сите загинати и повредени работеле во фабриката, соопшти агенцијата.

Треба да знаете
Последни објави