Неготинка пријавила сопруг за физички напад, кавадарчанка дека била нападната од двајца додека работела на брана

Вчера во 23 часот, бил уапсен Д.Ш. (36) откако неговата 24-годишна сопруга го пријавила за физички напад во семејниот дом.

„Д.Ш. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.

Нешто порано, како што додадаваат од СВР Велес, во 11 часот во ОВР Кавадарци, М.П.(44) од Кавадарци пријавила дека додека извршувала работни задачи на брана на хидроелектирична централа, била физички нападната од Т.М. и А.М. од село Возарци, кавадаречко.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави