Мопед управуван од малолетник удрил во жена од Миладиновци

Во СВР Скопје синоча во 20.40 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„532“ со ул.„526“ во с.Кадино, општина Илинден, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Кадино, удрил во пешакот О.М.(57) од с.Миладиновци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила О.М., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави