Се урна балкон, има жртви, 7 деца меѓу повредените во Неапол

Во уривање на балкон во Неапол две лица загинаа, а 13 лица се повредени, меѓу кои седум деца.

Уривањето се случило во населбата Вела Целесте во областа Скампија, меѓу вториот и третиот кат од зградата, синоќа по 23 часот, јавува „Анса“.

На местото на настанот излегле пожарникарите, брзата помош и полицијата.

Уривањето се случило на третиот кат, а зафатени се и балконите на вториот и првиот кат.

Пожарникарите по ископувањето на урнатините ја завршија евакуацијата на горните катови додека се во фаза на проверка на стабилноста на погодениот дел од зградата.

Веднаш по колапсот, кој се случи околу 23 часот, голем број луѓе излегоа на улиците поради страв од натамошни колапси. На местото на настанот се испратени бројни амбулантни возила, а неколку амбулантни возила ги пренеле повредените во болница.

Треба да знаете
Последни објави