Откорната кровна конструкција, паднати дрва и поплава по улиците: Еве што остави зад себе денешното невреме во Скопје (ФОТО+ВИДЕО)

Невреме проследено со град и силен олуен ветер пред речиси еден час зафати повеќе делови од Скопје.

Иако невремето траеше 30 до 40 минути, сепак зад себе остави големи штети.

Во општина Аеродром при првите знаци на невреме снема струја во речиси сите делови од општината, додека во општината Гази Баба силниот ветер откорна дел од покривот на една зграда.

Во населбата Маџари има паднати дрва, а улиците се преплавени со вода па граѓаните треба да внимаваат на евентуални штети во нивните автомобили или подрумските простории.

По невремето сонцето повторно изгреа, што го направи воздухот уште потежок за дишење.

Треба да знаете
Последни објави