Момчиња од Тетово мачеле животни – присуствувале повеќе лица кои гледале што прават

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Х.(20) и Л.Х.(21), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.

Како што информираа од полицијата, во текот на февруари 2024 пријавените организирале борба на кучиња на која биле присутни повеќе лица.

По преземени мерки настанот бил расчистен и едно од кучињата било пронајдено и привремено згрижено.

Треба да знаете
Последни објави