Search

Лионел Меси е тешко повреден, прогнозите не се добри

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси заработи повреда на лигаментите на десниот зглоб во финалето на Копа Америка одиграно во неделата, потврди неговиот клуб Интер Мајами. Меси беше срушен пред крајот на првото полувреме, а беше заменет во 66. минута.

Во исто време, тој куцаше и во солзи го напушти тревникот на стадионот Хард Рок во Мајами и продолжи да го гледа финалето од клупата, во кое Аргентинците по 16-ти пат ја освоија Копа Америка совладувајќи ја Колумбија со 1:0. гол на Лаутаро Мартинез во судиското продолжение, во 112. минута. Интер Мајами моментално е втор во табелата во Источната конференција на МЛС.

„По лекарски преглед, беше утврдено дека Лео Меси заработил повреда на лигаментите на десниот скочен зглоб. Кога капитенот ќе може повторно да игра ќе се утврдува со периодични проценки, а ќе зависи од напредокот на неговото закрепнување“, се вели во соопштението на клубот.

Треба да знаете
Последни објави