Никој не сака да ја менува компресорската станица во Клинички центар

Ниту една фирма не се јавила на тендерот што беше објавен за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух од кој зависат сите хируршки клиники во Клинички центар. Тие со месеци работат со надворешни компресори, кои во два наврати откажале – еднаш за време на операција на дете, а вториот пат кога бил опериран болен од карцином.

Информацијата дека тендерот пропаднал, за „Слободен печат“ ја потврдиле од Службата за заеднички работи при Клинички центар. На 28 јуни тие распишале тендер а фирмите имале краен рок да достават понуди до вчера во 11 часот.

Проценетата вредност на постапката беше 18.644.068 денари без ДДВ.

Поопширно на следниот линк

Треба да знаете
Последни објави