Невремето со град од Словенија стигна во Хрватска, некои места останаа без струја

Силно невреме од Словенија ја зафати и Хрватска. Бурата стигна до Вараждинската жупанија.

Град падна на повеќе места во околината на Вараждин.

Невремето ја зафати и Меѓимурска жупанија, а градот Лопатинец остана без струја.

Град падна и во Свети Мартин на Мура, јавуваат хрватските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави