Хеликоптерот на МВР исфрли 48 тони вода врз пожарот на планината Серта

Од раните утрински часови хеликоптерот „бел-412“ од Одделот за воздухопловни единици на МВР продолжи да дејствува врз пожарот што избувна вчера во реонот на планината Серта.

Хеликоптерот во 32 налета исфрли 48 тони вода врз пожарот. Се дејствуваше на краците од пожарот, кои преставуваа опасност да се упатат кон селата Брусник, Калањево и Липа.

„Доколку има потреба, хеликоптерот ќе продолжи да дејствува“, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави