Сиљановска Давкова ќе го врачи признанието „Инженерски прстен“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска на церемонија што ќе се одржи на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон”- Плаошник, во Охрид, ќе се обрати и ќе го врачи признанието „Инженерски прстен” на најуспешните студенти кои дипломирале на македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини.

„Инженерски прстен” се доделува по 21. пат, а со признанието ќе се здобијат 15 млади инженери од различни области, кои дипломирале на четири државни универзитети.

Манифестацијата се одржува во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на Претседателот на државата.

Треба да знаете
Последни објави