Претрес во ресенско, пронајдена дрога, приведен дилер

На 11.07.2024 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по претходно издадена наредба за претрес од Основен суд Битола,  извршија претрес во камп-приколка и помошни простории лоцирани во с.Сливница,  каде привремено престојува С.В. (20) од с. Долни Манастирец.
При претресот пронајдени се кеси со марихуана, грутчеста материја, прашкаста материја, метална дробилка, како и други предмети со траги од марихуана.
По преземени мерки од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, С.В. е пронајден и лишен од слобода во Битола и при извршен преглед врз него пронајдена е поголема количина марихуана. С.В. е приведен во полициска станица и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави