Search

Поради дефект на водоводната мрежа утре од 8 часот без вода жителите од неколку улици во оваа скопска општина

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека без вода утре ќе бидат корисници од неколку улици во Општина Гази Баба.

Поради отстранување појавен уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-150мм, на ул. 16-та Македонска Бригада бб (Парк Шума Гази Баба), од 8:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: 16-та Македонска Бригада, Јани Лукровски, Ташко Караџа, Трифун Хаџијанев и дел од потрошувачите од улица Бапчор.

Треба да знаете
Последни објави