Search

Ќе има царина за производи од Кина и за 5 и 150 евра? Удар за омилените кинески продавници

Европската унија размислува да воведе царини за евтини стоки купени преку кинески онлајн платформи како што се Тему, Шејн и АлиЕкспрес, објави денеска Фајненшл тајмс (ФТ), повикувајќи се на три анонимни информирани извори.

Според сегашните регулативи на ЕУ, пакетите купени преку интернет од земји кои не се членки на ЕУ не подлежат на царина доколку нивната вредност е под 150 евра, а Европската комисија (ЕК) ќе предложи тој праг да се укине подоцна овој месец, според извори.

Европската комисија посочи дека минатата година во ЕУ од странство пристигнале две милијарди пакети вредни помалку од 150 евра и додаде дека овој обем на онлајн трговија ги тестира границите и можностите на царината.

ЕУ разговараше за укинување на ограничувањата како дел од проектот за реформа на тарифите предложен од Комисијата во мај 2023 година, но сега може да се обиде да го забрза неговото усвојување за да се спротивстави на поплавата од евтин увоз.

Критичарите на кинеските платформи Тему и Шејн во САД тврдат дека овие фирми ги користат придобивките од даночните ослободувања за да ја поткопаат конкуренцијата и да избегнат царини, пренесува Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави