Search

Русија ќе одговори на одлуката на Финска да им даде пристап на САД до базите

Русија ќе одговори на одлуката на Финска да им дозволи на САД пристап до нивните воени бази, изјави денеска портпарол на руското Министерство за надворешни работи.

-Можам само да потврдам дека Русија нема да го остави неодговорено военото трупање на НАТО на нашата граница, што ја загрозува безбедноста на Руската Федерација, рече заменик портпаролот Андреј Настасин.

Тој додаде дека „ќе ги преземат неопходните мерки, вклучително и од воено-техничка природа, за да се спротивстават на агресивните одлуки на Финска, како и на нејзините сојузници во НАТО“.

Треба да знаете
Последни објави