Search

Министерот Мисајловски во посета на припадниците на баталјонот за Специјални сили – Волци: Вие сте инспирација и херои на нашата нација

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска ги посетија припадниците на баталјонот за Специјални сили– Волци во касарната „Илинден” во Скопје.

За време на посетата министерот Мисајловски беше брифиран за историјатот на единицата, мисиите и задачите кои ги остварува, учеството во мировните операциите како и операциите за заштита на источното крило на Алијансата мисијата eVA.

Министерот Мисајловски во разговор со припадниците на единицата упати искрена  благодарност за нивната служба и непоколеблива посветеност.

„Вие сте инспирација и херои на нашата нација. Чест и привилегија ми е да застанам пред вас припадници на најелитната единица на Армијата. Наши чувари на мирот, олицетворение на храброст и посветеност во службата значајни за Армијата и за граѓаните” рече министерот Мисајловски и додаде дека ќе направи се за оваа, но и за останатите единици на Армијата да бидат на уште повисоко ниво на подготвеност и опременост.

При посетата, министерот Мисајловски имаше можност да се запознае со дел од опремата која ја користат припадниците на единицата и да ги посети објектите на баталјонот за Специјални сили.

Треба да знаете
Последни објави