Search

Долга е раката – многу „луѓе на Груевски“ во власта на Мицкоски

Полека но сигурно, новата власт на ВМРО-ДПМНЕ воспостасува контрола врз органите на државната управа, со потавување на директори, раководител, членови и претседатели на управни и надзорни одбори во државните институции и јавни претпријатија. 

Досега, променети се неколку директорски позиции, но ако денот по утрото се познава, се чини дека ја нема потребната „свежина“ на кадри со која Христијан Мицкоски се фалеше и ја најавуваше во предизборниот период. 

Меѓу првите назначени директори од редовите на ВМРО-ДПМНЕ барем половина се веќе добри познати лица за јавноста, како некогашни директори, пратеници, градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски. 

Коце Трајановски, екс градоначалникот на општина Гази Баба и Град Скопје  се враќа на голема врата како директор на јавното претпијатие за државни патишта, со буџет поголем за 11 пати од оној на Град Скопје. 

Директорско место се најде и за Александар Пандов, човек кој јавно го бранеше Груевски во најкритичните периоди за партијата. 

Ивица Томовски, некогашен директор на ЕЛЕМ турс од времето на Груевски, од неодамна стана директор на Службата за општи и заеднички работи, додека кабинетот на премиерот Мицкоски веќе го води Игор Јанушев. 

Андон Чибишев, кадар исто така од времето на Груевски, се врати како директор на Клиниката за токсикологија

Кадри на Груевски ги запоседнаа и министерските позиции

Од сите имиња кои станаа министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, речиси две третини се веќе добро познати лица, кои и пред седум осум години извршувале високи државни функции кога премиер беше претходникот на Мицкоски, Никола Груевски.

Меѓу нив секако е и самиот премиер, Мицкоски, кој беше генерален секретар на партијата а беше и генерален директор на ЕЛЕМ.

Министер за транспорт и врски ќе биде Александар Николоски човек кој речиси две децении е партиски функционер и пратеник во Собранието на државата.

Еден од потпретседателите на партијата кој ќе стане министер е и Владо Мисајловски, човек кој во годините на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски исто така извршуваше високи државни функции од државен секретар во министерство, преку директор на ЈП за државни патишта, па се до министер за транспорт и врски.

И Златко Перински некогашниот шеф на кабинет на Мицкоски и човек заради кој „пукна тиквата“ меѓу Мицкоски и Данела Арсовска, исто така во времето на владеење на Груевски имаше функција и со години беше директор на Спортскиот центар Борис Трајковски.

Понатаму, министерска функција ќе добие и Тимчо Муцунски, кој во годините на залезот на Никола Груевски, ја извршуваше функцијата заменик министер за информатичко општество и администрација.

Иако, своевремено беше во ВМРО-НП и министерката за образование Весна Јаневска во времето на претходните мандати на ВМРО-ДПМНЕ извршуваше високи државни функции, а беше и претседателка на Државната пописна комисија на пропаднатиот попис од 2011 година. 

Континуитет на Мицкоски со кадрите на Груевски има и во вицепремиерските позиции од коалициските партнери, Шабан Салиу и Иван Стоилковиќ кои со години преку функциите што ги извршуваа ги застапуваа и промовираа политиките на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. 

И тоа не е се…

Промената на раководни позиции само што започна и тој процес ќе трае најмалку до месец септември, а како што информираат извори од ВМРО-ДПМНЕ долга е листата на раководни позиции, но уште подолга е листата на заинтересирани „вморвци“ да дојдат до свое парче од колачот.

Она што брифираат извори од владејачката партија е дека ќе има уште имиња на функционери од перидот 2006-2017 кои ќе добијат раководни позиции од страна на новата влада. 

Како едно од имињата што веќе се провртеа во јавноста беше она на кумот на Груевски, Зоран Ставревски за кого се шпекулира дека ќе биде следен гувернер на Народната банка. 

За очекување е втора или трета шанса да добијат претходни министри, заменици министри, директори од редовите на ВМРО-ДПММЕ, а кој се ќе биде „извлечен од барабанот“ на Мицкоски, ќе дознаеме во следните месец-два.

Треба да знаете
Последни објави