Search

АА: По 25 години, Албанците се исклучени од клучните позиции во државата

Со формирањето на нелегитимната влада Албанците секојдневно ги губат најважните дирекции во државата, велат од Алијанса за Албанците (крило Села) во соопштение до медиумите.

Од партијата велат дека со одлуките започнати од формирањето на Владата, но и со оние што се очекува да бидат донесени во наредниот период, по 25 години, Албанците се исклучени од клучните позиции во најважните институции во државата

„По Агенцијата за Разознавање, каде што беше разрешен директорот Албанец и именувани директор и заменик директор македонци, денеска истото се случи и со Фондот за здравствено осигурување. Во оваа институција, која е во секторот на Арбен Таравари, денеска стапија на должност двајца нови директори, двајцата македонци, разрешувајќи ги двајцата поранешни директори, од кои едниот Албанец. Со одлуките започнати од формирањето на Владата, но и со оние што се очекува да бидат донесени во наредниот период, по 25 години, Албанците се исклучени од клучните позиции во најважните институции во државата. Во меѓувреме, албанските партии кои ги загубија изборите и како такви станаа дел од Владата, во некои случаи молчат, а во некои случаи, како овој последниот, стануваат директни спроведувачи на одлуките против Албанците“.

Треба да знаете
Последни објави