Search

Тошковски: Континуирана обука на вработените во МВР за зајакната стручност и професионалност што ќе донесе поголема безбедност за граѓаните

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и дел од раководството на МВР денеска (29.06.2024) беа во работна посета на Центарот за обука на МВР.

„Во моментот се реконструираат дел од објектите на Центарот кои се во сопственост на Министерството за внатрешни работи, а во кои престојуваат и следат настава кандидатите за полициски службеници. Наша амбиција е да го унапредиме Центарот за обука во модерен центар за полициска обука, кој ќе прерасне во регионален центар за обука на кадри од областа на безбедноста”, истакна министерот Тошковски.

Министерот Тошковски потенцираше дека во минатото не бил ставен доволен акцент на континуираноста на обуките и на тој дел посветено ќе се работи.

„Ќе изградиме систем на континуирана обука на полициските службеници и вработените во министерството за внатрешни работи, со што ќе се зајакне стручноста и професионализмот на целата институција која е надлежна за безбедноста, како основа за подобар квалитет на живот на сите наши граѓани”, нагласи министерот Тошковски.

Треба да знаете
Последни објави