Search

По невремето, вода во операциони сали во „8 Септември“, се одложиле операции

По вчерашното силно невреме што го зафати Скопје во ГОБ „8 Септември“ протекла вода во операционите сали на третиот кат, и поради тоа биле одложени операциите.

Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата „8 септември“, на својот Фејсбук профил објави дека негрижата и запоставувањето секогаш излегуваат на виделина.

Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот блок во ГОБ 8ми Септември. Време е некој способен да ги решава проблемите на оваа болница, порача Каревски.

Во меѓувреме проблемот е надминат,  а болницата е во целосна функција, информираа од болницата.

Треба да знаете
Последни објави