Search

Каевски не се појави во судница, бил на домашно лекување – одложено рочиштето за злоупотреби на спортските ваучери

Се одложи првото рочиште за случајот за злоупотреби на спортските ваучери. Дарко Каевски, обвинет како ексдиректор на Агенцијата за млади и спорт (АМС), не дојде. Неговиот адвокат Петре Шилегов објасни дека е на домашно лекување, откако имал хирушка интервенција на тетивата.

Останатите 11-мина обвинети за злоупотреба на службената положба и несовесно постапување во службата, меѓу кои и претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски и директорот на АМС, Наумче Мојсоски беа присутни во судницата.

Димевски ги информираше медиумите дека поднел кривична пријава до МВР против обвинителката и уште три други лица. Таа одговори дека нејзината работа ја следи јавното обвинителство.

Треба да знаете
Последни објави