Почина пејачот на „Crazy Town“ – Пронајден е мртов во својот дом, зад себе остави три деца

На 49-годишна возраст почина американскиот пејач на рап-рок групата „Crazy Town“.

Полицијата во Лос Анџелес информира дека Шифти Шелшок чие вистинско име е Сет Бинсер, починал на 24 јуни во својот дом.

Причината за смртта се уште не е позната. Пејачот Бинсер, со години се бореше со зависноста од дрога и алкохол. Извесно време, како што јавуваа американските медиуми, тој бил и во кома поради овие зависности.

Бинсер зад себе остави три деца.

Нивната песна „Butterfly“ беше светски хит, но поради неа беа наречени чудесна група со еден хит

Треба да знаете
Последни објави