Во напад врз Севастопол загинаа три лица, над 100 повредени

Бројот на загинатите по нападот на вооружените сили на Украина врз Севастопол се искачи на три, а меѓу жртвите има и две деца, соопшти денеска гувернерот на Крим, Михаило Развозаев.

„Бројот на ранети се искачи на речиси 100 лица. Мобилизиран е целиот здравствен систем, ангажирани се лекари и медицински персонал. Оперативните сали се во функција. На жртвите им е укажана сета неопходна медицинска помош“, напиша тој на Телеграм.

Развозаев истакна дека нападот бил извршен со балистички проектили со касетна муниција.

Треба да знаете
Последни објави