Сообраќајка меѓу два автомобили во Тетово, при судирот удриле во два паркирани автомобили

Вчера во 14.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с.Волковија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Џ.Х.(67) од с.Вејце, тетовско и патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Р.(25) од Тетово, кои потоа удриле во две паркирани патнички возила „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки и „рено“ со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Џ.Х. констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави