Search

Се огласи Кејт Мидлтон: објави нова фотографија и му испрати прекрасни зборови на сопругот

Принцезата од Велс го прослави 42-от роденден на својот сопруг принцот Вилијам со необична фотографија направена на неодамнешниот семеен одмор во Норфолк.

„Среќен роденден тато, сите те сакаме многу“, напиша Кејт на социјалната мрежа Икс.

На фотографијата се гледа како Вилијам скока и се држи за рака со своите три деца на плажа. Фотографијата, која Кејт ја сподели на социјалните мрежи, е направена минатиот месец додека семејството беше во Норфолк и се чини дека е направена истиот ден со нивната слика објавена за Денот на таткото минатата недела.

Претходно, Бакингемската палата сподели фотографија од кралот Чарлс со принцот од Велс како седи во неговиот скут, а сликата датира од февруари 1983 година.

Оваа фотографија беше поставена на профилот на социјалните мрежи на кралското семејство во петокот наутро.

Истата беше придружена со порака: „Среќен роденден на принцот од Велс!“

Треба да знаете
Последни објави