Search

Роналдо секогаш има црн лак на нозете – еве што се крие зад тоа

Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо (39) секогаш носи црн лак на ноктите на нозете, а тоа неодамна го забележаа и многу обожаватели. Сепак, постои клучна причина зошто тоа го прави и воопшто не станува збор за некој моден тренд.

Роналдо објави фотографија на Инстаграм на која позира со својот 13-годишен син Кристијано помладиот. Таткото и синот позираа во луксузната домашна вежбалница, а еден детаљ им падна во очи на следбениците кои се бројат во стотици милиони. Објавата стана вирална токму поради тој црн лак на нозете.
Многу корисници останаа збунети, прашувајќи се зошто некој фудбалер би ставил црн лак на ноктите, но причината за тоа е неверојатна.

Всушност, спортистите се неверојатно подложни на габични инфекции околу ноктите на нозете, затоа што секој ден поминуваат часови и часови потејќи се во копачките.

Проблемот е особено чест кај фудбалерите, чии стапала трпат многу трауми кога некој ќе ги удри или згази во текот на натпреварите.

Роналдо ги лакира ноктите на нозете за да ги заштити од габички и бактерии.

И тој не е единствениот кој редовно го прави тоа за да ги заштити ноктите на нозете.

Во текот на врвот на својата боксерска кариера, и Мајк Тајсон ги лакираше ноктите со црна боја, што е исто така вообичаена пракса меѓу ММА борците и тркачите.

Треба да знаете
Последни објави