Search

Прво му барале 80.000 евра, потоа му го запалиле автомобилот пред неговиот дом

На 21.06.2024 во 01.15 часот во СВР Скопје, 33 – годишен маж од Скопје пријавил дека претходниот ден од телефонски број на лице кое го познавал му биле испраќани пораки со заканувачка содржина и му биле барани 80.000 евра.

Подоцна во 00.40 часот на 21.06.2024 негов сосед го известил дека било опожарено неговото возило „форд фиеста” со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред неговата куќа. Пожарот бил изгаснат,а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави