Search

МВР со детали за сообраќајката во Автокоманда: Двајца тешко повредени

Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“, 42-годишниот Б.Т. од Скопје, управувајќи патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и удрил во рекламен билборд, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Т. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје и неговата сопатничка Л.Т.(72) од Скопје констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави