“Регионалниот ЦУК Тетово известува, дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за сообраќајна несреќа, при што возило удрило во мечка – утрово во 05.37 часот. Повредени во патничкото возило нема, додека мечката починала на лице место. Настанот се случил на патниот правец Гостивар-Охрид, кај вториот каменолом. На местото на несреќата присутни се полициски службеници од ПС Гостивар и увидна. Исто така известени се и Национален Парк Маврово и ТППЕ Гостивар за отстранување починатата мечка од магистралниот пат.“
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/06/mec22-1024x768-1.png)