Search

Трагедија на Галичица: Возило излета во амбис, има загинати

Патничко возило денеска излетало од регионалниот пат Трпејца – Преспа преку Националниот парк Галичица.

Информацијата за Охридњуз ја потврдила Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид. Оттаму уште информираат дека во ужасната трагедија животот го загубиле две лица.

На местото на настанот упатена е екипа на ПСС при Црвен крст Охрид и полицијата.

Од СВР Охрид за медиумот изјавиле дека во моментов не можат да ги потврдат првичните информации освен дека екипи на полицијата се упатени на местото на настанот.

Незгодата како што ни изјавија очевидци, наводно се случила на дел од патот кој не е обезбеден со еластична ограда.

Целиот текст на Охрид Њуз со клик ТУКА.

Треба да знаете
Последни објави