Две лица се повредени во сообраќајка на патот Железница-Крилатица

На 13.06.2024 во 13.45 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на локалниот пат с.Железница-с.Крилатица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолкваген пасат“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(58) и патничко возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(37), двајцата од Кратово.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Т., констатирани во Општа болница Куманово, а неговиот сопатник Т.П.(40) од Кратово се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Кратово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кратово.

Треба да знаете
Последни објави