Search

Се расплака: Македонската естрада со поддршка на Зоки Фаци во неговата битка со канцерот (ВИДЕО)

Поранешниот водител попознат како Зоки Фаци, од минатиот месец повторно води битка со најстрашната болест – ракот.

Сите знаеме дека оваа битка не е лесна, но Зоки веќе два пати ја победи. Неговиот пријател Стефан Лазаров во својот поткаст деновиве му покажа видео кое го сними речиси целата македонска естрада во кое сите тие му даваат поддршка во битката и му кажуваат дека го почитуваат и сакаат.

Зоки на крајот од видеото се расплака и изјави дека е тоа најубавото нешто што го добил во животот.

Видеото погледнете го во продолжение:

„Најверојатно од понеделник ќе почнам со хемотерапиите, зависи докторот во Државна што ќе ми каже. Ме чека една голема борба и навистина без вас не би можел да успеам. Ми значи секоја ваша порака во инбокс, ми значи вашата поддршка, поддршката на моите блиски“ напиша Зоки минатиот месец.

Н.Ј.

Треба да знаете
Последни објави