Search

Хороскопски знак кој има најголеми шанси да добие на лото: Проверете дали сте вие среќникот?

Некои хороскопски знаци имаат голема среќа кога се парите во прашање. Дали сте меѓу нив?

Ако мислите дека на некои луѓе сè им оди како што треба и дека парите едноставно ги „сакаат“, можеби не грешите. Се чини дека некои хороскопски знаци имаат среќа кога се во прашање финансиите и заработката, па се стекнува впечаток дека дури и не мора да се трудат. Астролозите открија кои хороскопски знаци имаат најголеми шанси да добијат на лотарија, пишува словенечкото издание на магазинот „Ел“.

Проверете каде се наоѓате на листата.

На прво место се Рибите, кои минатата година освоиле повеќе добивки на лото од кој било друг знак – 11,6 отсто од сите добивки на лото им припаднале на луѓето родени во овој хороскопски знак.

Близнаците се веднаш зад Рибите, а припадниците на овој хороскопски знак освоиле 9,9 отсто добивки. Девиците освоиле само еден процент помалку – 8,9 отсто, а потоа следат Водолиите и Скорпиите со 8,5 отсто.

Листа на хороскопски знаци со процентот меѓу вкупниот број на победници:

Риби 11,6 отсто

Близнаци 9,9 отсто

Девица 8,9 отсто

Водолија 8,5 отсто

Скорпија 8,5 отсто

Бик 8,5 отсто

Рак 8,2 отсто

Лав 7,7 отсто

Јарец 7,7 отсто

Овен 7,5 отсто

Стрелец 6 отсто

Треба да знаете
Последни објави