Search

Петровска кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: И вие се срамите што треба да гласате системски закон по скратена постапка

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска на денешната собраниска комисија ја критикуваше процедурата од носењето на Законот за организација и работата на органите од државната управа.

Таа посочи дека ова е еден од ретките примери каде што системски, структурен закон се носи по брза постапка. 

„Во изминативе седум години, имавте повеќе од стотина говори каде критикувавте за наводна злоупотреба на еврпското знаме и скратена постапка, а нас не нарекувавте шверцери и слично. Вие ќе бидете запаметени што системски закон предлагате по скратена постпака. За вас ова не е сложен и суштнски чекор. Не сте серизни во предлагањето на овој закон каде што никаде ја немате наведено потребата од скратена постапка. Очигледни дека пазарот со коалицијата е побитен од принципите за кои зборувавте. Овој принцип на пу пу не важи сме го гледале од 2006 до 2017. Во овие седум години при носење закони беше вклучена јавноста, имаше јавни расправи, но вие велите дека имате експерти и тие експерти се само ваши и решивте дека за овој системски закон не треба јавна дебата и пак бегате од јавното мислење“ порача Петровска. 

Таа оцени дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се срамат од тоа што на ваков начин носат таков закон и затоа не се пријавуваат за збор.

„Се срамите што треба да гласате системски закон по скратена постапка што вие ја критикувате и пак доаѓаме на истото дека нарачетлот ќе бид еден како што и прелдагачот е еден а извршителите се 78 плус минус. Јасно е дека не било до принципите, било до власта“ порача Петровска.

Треба да знаете
Последни објави