Search

Гаши: Мојата татковина е Северна Македонија

Претседателот на Собранието Африм Гаши се огласи на социјалната мрежа Фејсбук и објасни дека негова татковина е Северна Македонија, а дека Косово е родно место или татковина на неговите родители и тој го почитува тоа како такво заради нив.

-Во однос на прашањето за мојата татковина, свесен сум за обвинувањата и искривувањата од различни медиуми кои се обидуваат да привлечат внимание. Како претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија, сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Северна Македонија.
Да појаснам и за јавноста, точната изјава во моето интервју беше дека „Косово е родно место или татковина на моите родители и јас го почитувам како такво заради нив“ – напиша Гаши.

Треба да знаете
Последни објави