Search

Филипче повика на обединетост во СДСМ и пред и по внатрепартиските избори

Кандидатот за претседател на СДСМ, Венко Филипче, по денешната достава на кандидатурата изјави дека тој ако победи гарантира дека ќе има брзо обеднување внатре во партијата, која според него сега е поделена.

„Јас имам одлични комуникации со буквално сите членови на партијата и сметам дека тоа е еден од факторите што ќе даде брзи резултати во процесот на обединување. Со многу чести средби, со чести разговори и состаноци на кои сите членови ќе ги кажат своите размислувања кои ќе бидат вградени во политиките на СДСМ и низ таков инклузивен начин, членовите ќе се чувствуваат дека се дел од процесот“ посочи Филипче.

Тој додаде дека во неговата програма предлага дополнителни промени во процесот на демократизација внатре во партијата, како на централно, така и на локално ниво.

Покрај Филипче свои кандидатури поднесуваат и Славјанка Петровска и Јован Деспотовски, а изборите за нов претседател на СДСМ се закажани за 30 јуни.

Треба да знаете
Последни објави