Search

Секаде доцниме – возовите во Македонија се најбавни во Европа

Дали некогаш сте се запрашале која е можеби државата во која возовите најбрзо се движат? Доколку вашиот одговор е позитивен ви претставуваме интересна мапа во која може да видите која е просечната брзина со која се движат возовите во Европа. Иако се работи за неофицијална мапа со податоци, сепак интересно е да се види кој и колку брзо ќе пристигне на дестинацијата со воз.

На оваа мапа, Македонија е во „лошо друштво“ со просечна брзина од 53,1 км/ч, додека пак полоша од нас е само Албанија со 27,6 км/ч.

Регионот околу нас се движи нешто побрзо, а убедливо најдобра, од земјите од поранешна Југославија е Словенија со солидни 71,9 км/ч. Во нешто подобра состојба е Хрватска со просечна брзина од 58,2 км/ч

Во БиХ просечната брзина на возот е 54,5 км/ч, а по нив следува и соседна Србија (54,3 км/ч).

Најбрзите возови сообраќаат во Шпанија со рекордни 199,4 км/ч и Франција, која може да се пофали со просечна брзина од 195,9 км/ч. На Италија и оди изненадувачки добро со 169,9 км/ч, а Германците дишат во врат со не баш идеални, но сосема задоволителни 141,6 км/ч.

Треба да знаете
Последни објави