Search

Приказна која ги крши срцата – Вдомивме куче за да му помогне на нашето болно дете, потоа се случило нешто неверојатно

Белгиската овчарка Џуно била спасена од смрт во засолништето само неколку дена пред да ѝ биде закажана евтаназија. Семејството од американската сојузна држава Тенеси, кое ја спасило, било сведок на неверојатната љубов меѓу неа и тогаш 4-годишниот Лукас Хембри.

Лукас е роден со Санфилипов синдром, ретко генетско нарушување кое влијае на мозокот и ‘рбетниот мозок. Со текот на времето, децата престануваат да зборуваат, одат и да јадат. Освен тоа, има промени во однесувањето, па може да станат хиперактивни или да имаат агресивни напади. Кога лекарите откриле дека нивното момче го има тој синдром, родителите Честер и Џенифер биле ужаснати. Лекарите им рекле дека за оваа болест нема лек, дека има мали шанси нивното дете да доживее 15 години и дека постои голема можност после 8 години повеќе да не може оди, зборува…

По првичниот очај, Честер и Џенифер решиле да направат сè што можат за да му го разубават времето кое му преостанало на Лукас. Кога момчето почнало да има проблеми со одење, решиле дека куче може да му помогне. За дресирано куче биле потребни 15.000 долари, но им било кажано и дека нивното дете можеби не би требало да користи куче за да се движи бидејќи сè потешко одело и се очекувало неговата состојба да се влоши. Експертите, имено, не препорачале куче за Лукас. Сепак, родителите биле убедени дека кучето може да му помогне. Тогаш случајно ја откриле Џуно и нејзината приказна, а потоа заедно отишле во засолништето оддалечено два часа во источен Тенеси за да ја видат.

Џуно завршила во тој азил бидејќи сопствениците ја оставиле. Имено, тие сакале белгиски овчар бидејќи им изгледал убаво, но не знаеле дека е работно куче. Затоа се ослободиле од неа. Никој не сакал да ја посвои, а бидејќи многу засолништа во САД имаат ознака „убиј“, невдомените кучиња се евтанизираат по одреден временски период. Таква судбина ја чекала и Џуно. Честер знаел сè што треба да знае за оваа раса, бидејќи работел како полицаец и знаел што им е потребно на овие кучиња за да бидат среќни. Тој знаел дека може да го израдува својот син и истовремено да помогне на едно куче. Затоа семејството тргнало на пат.

Кога за првпат ја виделе Џуно во засолништето, таа била мизерна и исплашена од животот таму. Целото семејство веднаш се воодушевило од неа, особено Лукас. Затоа не е чудно што веднаш ја посвоиле и ја донеле дома. На почетокот тие имале намера да ја остават некое време да се навикне на новото семејство и начинот на живот, а потоа Честер имал намера да започне со тренинг, за да ја научи да му помага на момчето. Сепак, таа била побрза од него.

Имено, Џуно се интересирала за момчето и на почетокот само кружела околу неговата количка гледајќи го. Потоа, по неколку дена, одеднаш почнала да цвили и да го турка момчето со носот, а се утврдило дека тоа не го правела без причина. Нивото на кислород му било многу ниско, па кога татко му ја поправил ситуацијата, Џуно го лижела лицето на момчето. Тоа било првпат да му го спаси животот, но не и последен. Тогаш нејзините вдомувачи сфатиле дека таа се врзала за момчето и дека некои работи ќе ги прави инстинктивно, без тие да ја учат.

Во следните неколку години кучето и момчето биле неразделни. Џуно го спасувала животот на своето момче уште неколку пати. Таа била таа што можела да го усреќи во најтешките денови и да го смири во ситуации кога никој друг не можел да помогне. Заедно со членовите на неговото семејство, Џуно му била најблиската работа на светот и таа го разбирала Лукас без ниту еден збор.

И двајцата го напуштиле овој свет во период од неколку месеци. Џуно починала во декември 2019 година, а Лукас во април 2020 година. Тој имал само 13 години.

Кучето кое било отфрлено и за кое се планирало да биде евтанизирано му го разубавило животот на едно момче. Неговите родители го знаеле тоа и го ценеле секој среќен момент што таа му го донела, секоја стивната бура за која таа била заслужна и фактот дека можеле да ѝ веруваат дека ќе направи сè за него. Бидејќи Џуно го сакала своето момче најмногу на свет, а тој ѝ ја возвраќал таа љубов.

Треба да знаете
Последни објави