Search

Напад на американската амбасада во близина на Бејрут

Либанската армија во средата соопшти дека вооружен маж се обидел да ја нападне американската амбасада во близина на Бејрут, пренесува АП.

Во соопштението на либанската армија се наведува дека војниците го застрелале напаѓачот, кого го опишале само како сириски државјанин. Напаѓачот е ранет и пренесен во болница.

Локалните медиуми јавија дека во предградието Аукар, северно од Бејрут, дошло до пукање кое траело речиси половина час.

Американската амбасада соопшти дека утринскиот напад на влезот на амбасадата не предизвикал жртви меѓу нејзиниот персонал и дека либанските војници и обезбедувањето на амбасадата брзо се мобилизирале.

Либанската армија соопшти дека распоредила војници околу амбасадата и околните области.

Треба да знаете
Последни објави