Search

Додека крадел полицијата го фатила – тешка кражба во Штип

Полицијата утрово, во 00:15 часот, го лишила од слобода А.А.(38) од Штип.

Тој бил затекнат при извршување кривично дело „тешка кражба“ во продажен објект на ул.„Крсте Мисирков“ во Штип, од каде одзел повеќе производи.

Како што соопшти МВР, А.А. бил задржан во полициска станица, а украденото било вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави